Регистар на издавачи на сертификати во Република Северна Македонија (по стар закон – надвор од сила)

Согласно член 34, став (1) од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Министерството за информатичко општество и администрација води Регистар на издавачи на сертификати во Република Северна Македонија.

Издавач на сертификати Веб-страница на издавачот Решение за впишување во регистарот:
КИБС АД Скопје (Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД, Скопје) https://www.kibstrust.mk/ 02-20725/1 од 22.06.2006 година
Македонски Телеком AД Скопје (Македонски Телеком Акционерско друштво за електронски комуникации, Скопје) https://ca.telekom.mk 02-22081/1 од 30.06.2006 година

Со денот на започнувањето на примената на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, престанува да важи Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ број 34/2001, 6/2002, 98/2008 и 33/15).

Согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Министерството за информатичко општество и администрација води Регистар на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација, достапен на следната врска.