Регистар и листи

Министерството за информатичко општество и администрација води Регистар на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација, согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Извадок од Регистарот

давател на квалификувана доверлива услуга видови квалификувани услуги кои ги дава реден број на упис во Регистарот датум на упис во Регистарот датум на бришење од Регистарот
Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје) издавање квалификувани временски печати, односно жигови 1 26.08.2020 /
издавање квалификувани сертификати за квалификувани електронски печати 10 12.03.2021 /
издавање квалификувани сертификати за квалификувани електронски потписи 11 12.03.2021 /
издавање квалификувани сертификати за напредни електронски потписи 13 30.07.2021 /
издавање квалификувани сертификати за напредни електронски печати 14 05.08.2021 /
Македонски Телеком АД – Скопје издавање квалификувани електронски временски печати, односно жигови 2 04.01.2021 /
издавање квалификувани сертификати за квалификувани електронски печати 3 04.01.2021 /
издавање квалификувани сертификати за квалификувани електронски потписи 4 04.01.2021 /
издавање квалификувани сертификати за напредни електронски потписи 6 19.02.2021 /
издавање квалификувани сертификати за напредни електронски печати 7 19.02.2021 /
Инбох ДООЕЛ – Скопје квалификувана доверлива услуга за електронско складирање на документи 9 12.03.2021 /
Контего ДОО – Скопје квалификувана доверлива услуга за електронско складирање на документи 15 15.10.2021 /
давател на
доверлива услуга
видови доверливи услуги кои ги дава реден број на упис во регистарот датум на упис во Регистарот датум на бришење од Регистарот
Инбох ДООЕЛ – Скопје доверлива услуга за електронско складирање на документи 8 19.02.2021 /
Контего ДОО-Скопје доверлива услуга за електронско складирање на документи 12 16.06.2021 /
издавач на шема за електронска идентификација ниво на сигурност на шемата за електронска идентификација реден број на упис во Регистарот датум на упис во Регистарот датум на бришење од Регистарот
Евротруст Технолоџис ДООЕЛ Скопје Високо 5 04.01.2021 /

Регистар на даватели на доверливи услуги и шеми на електронска идентификација (целосно преземи во PDF)

Листа на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги

Листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги е основен елемент за градење доверба кај операторите на електронскиот пазар овозможувајќи им на корисниците да го утврдат квалификуваниот статус и историјата на статусот на давателите на квалификувани доверливи услуги и нивните услуги.

Листата ги содржи најмалку информациите наведени во членовите 2 и 5 од Правилникот за формата и начинот на објавување на листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и листа на квалификувани доверливи услуги.

Во листата може да се запишат давателите на доверливи услуги кои не се квалификувани, како и информации за неквалификуваните доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат. Тие треба да се јасно наведени дека не се квалификувани според Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Во листата може да се запишат информации за други видови доверливи услуги определени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и тие треба да се јасно наведени дека не се квалификувани според Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014.

Листа на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги во машински читлив формат

Дигест од бинарната верзија на листата согласно поглавје 6.1 од ETSI TS 119 612