Министерството за информатичко општество и администрација согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (ЗЕДЕИДУ) ги врши следниве задачи:

– води Регистар на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација согласно со член 25, став 1 алинеја 1) ;
– врши упис и бришење на даватели на доверливи услуги и издавачи на шеми за електронска идентификација во Регистарот на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација согласно член 14;
– објавува на својата веб страница во електронска форма која е погодна за автоматска обработка, листа на даватели на квалификувани доверливи услуги, како и листа на квалификувани доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат, согласно член 35 став 1);
– води листа на акредитирани тела за оценување на сообразност и лаборатории во Република Северна Македонија согласно член 37;
– води листа на средства за создавање на квалификуван електронски потпис или квалификуван електронски печат согласно член 45, став 8;
– соработува со органите за супервизија на Европската комисија согласно член 25, став 1 алинеја 1).

Регистар на даватели на доверливи услуги и шеми на електронска идентификација

Листа на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги во машински читлив формат

Дигест од бинарната верзија на листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и квалификувани доверливи услуги согласно поглавје 6.1 од ETSI TS 119 612

Листа на средства за создавање на квалификуван електронски потпис или квалификуван електронски печат

Регистар на издавачи на сертификати согласно Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис (надвор од сила)